недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Живот и стил

Работа од соништата за оние што сакаат животни

Работа од соништата за оние што сакаат животни

Норвешката „Мусти груп“ е во потрага по фризери за кучиња, а лицата што ќе се грижат за изгледот на миленичињата може да добиваат месечна плата меѓу 22.000 и 25.000 норвешки круни, односно од 2.200 до 2.600 евра.

Идеалниот кандидат треба да има барем една година искуство во работата или во слични работи, а љубовта кон животните е услов за добивање на работата. Потребно е и добро познавање на англискиот јазик, додека познавањето на некој од нордиските јазици е пожелно, но не и нужно.

Освен вработување на цело работно време, на избраните кандидати им се нуди и помош во наоѓањето сместување во Осло. Според огласот, моментално се бараат шестмина нови работници.

Коронавирус