вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 96
home Живот и стил

Пуштањето брада може да биде корисно за машкото здравје

Пуштањето брада може да биде корисно за машкото здравје

Д-р Каран Рангарјан, хирург и предавач на Универзитетот на Сандерленд, редовно споделува совети околу медицината… Така, во едно од последните видеа на неговиот интернет-простор, тој тврди дека пуштањето брада може да биде корисно за машкото здравје. Лекарот објаснува дека влакната го штитат лицето, секако – под услов на редовна и правилна хигиена.

– Истражување коешто ги спореди болничките работници со брада и оние без брада покажа дека избричените мажи имаат трипати поголема веројатност да фатат МРСА, рече тој.

МРСА е бактерија којашто е отпорна на многу антибиотици, што значи дека е потешка за лекување од многу други зарази. – Причината можеби е тоа што бричењето создава микроабразии кои се совршено место за размножување на овие бактерии, појаснува тој.

Според него, брадата всушност, исто така, ја прави кожата „супер-мека“.

– Ова, затоа што брадата не само што ја штити кожата од стареење со тоа што го спречува изложувањето на сонце, туку делува и како заштита од постојано допирање на кожата на лицето, од случајно отстранување на мастите коишто ги произведуваат Вашите лојни жлезди, кои пак, ја одржуваат вашата кожа мрсна и хидрирана. Брадата, исто така, може да го намали ризикот од изгореници и рак на кожата. Постојат докази дека влакната на лицето ја намалуваат изложеноста на ултравиолетва светлина за една третина во споредба со – избричените лица. Сепак, иако влакната на лицето можат да ја намалат ризикот од рак на кожата како меланом, треба да не ја фрлајте кремата за сончање, заклучи тој.

Од објавувањето, видеото досега собра над 300.000 прегледи и стотици коментари.

Коронавирус