среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 145
home Живот и стил

Проверете дали сте супер тетка: Ако ги правите овие работи внуците сигурно ве обожаваат

Проверете дали сте супер тетка: Ако ги правите овие работи внуците сигурно ве обожаваат

Како да знаете дали сте тетка која внуците ја обожаваат? Ако се пронајдете во овие реченици вие заслужувате пофалба за супер тетка.

1. Зборувате со нив како со возрасни, рамноправни личности, а децата го обожаваат тоа.

2. Им раскажувате незгоди кои им се случиле на нивните родители и се кикотите на нивна сметка.

3. Знаете да одберете совршен подарок кој во моментот им е најголема желба.

4. Ги носите на натпревари, концерти и настани за кои родителите можеби немаат време.

5. Бирате да бидете во нивно друштво, дури и кога околу вас има возрасни.

6. Од секое патување се враќате со некоја ситница која сте им ја купиле затоа што постојано сте мислеле на нив.

7. Во контакт сте барем еднаш во 24 часа.

8. Се допишувате преку секакви апликации.

9. Ги учите како да ги играат игрите од вашата младост, кои денес можеби не се популарни, но сигурно се забавни.

10. Правите работи кои им се забранети од родителите и не ги издавате притоа.

Коронавирус