недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Живот и стил

Простете си себеси за сите моменти кога заборававте колку вредите…

Простете си себеси за сите моменти кога заборававте колку вредите…

И самите сте свесни за тоа дека простувањето е многу важно за да продолжите понатаму во животот. Со време, научивте дека тоа е единствениот начин навистина да се ослободите себеси. И постојано им простувате на оние кои ви згрешиле. И прифаќате извинувања кои никогаш не сте ги добиле, затоа што сте добра личност која не може долго да држи лутина.

Но, што е со вас? Зошто самите не се однесувате така кон самите себе? Зошто држите лутина кон самите себе? Зошто не можете да најдете сила да си простите себеси? Затоа што тоа е токму она што треба да го направите!

Време е да си простите за моментите кога дозволувавте да ви го скршат срцето. Време е да си простите за моментите кога прифаќавте помалку отколку што заслужувавте. Затоа што барем сега знаете што не сакате во животот. Простете си себеси за тоа што сте дозволиле погрешни луѓе да влезат во вашиот живот.

Простете си за сите втори шанси кои сте им ги дале на луѓето. Простете си што не сте научиле од грешките. Простете си себеси за сите моменти кога сте молеле за љубов и внимание, за сите моменти кога сте дозволиле некакви кретени да направат да се чувствувате лошо и да ви ја нарушат самодовербата.

Простете си за моментите кога сте трчале по некои луѓе. За сите непроспиени ноќи кога се обидувавте да сфатите што сакаат луѓето од вас. Простете си себеси за сите моменти кога сте се надевале дека тие ќе се променат и ќе бидат подобри луѓе. За сите моменти кога се обидувавте да ги спасите луѓето кои не сакале да бидат спасени.

Простете си себеси што сте давале повеќе отколку што сте добивале. Простете си за сите моменти кога сте сакале некого повеќе отколку што сте се сакале себеси и за сите моменти кога не сте се ставале себеси на прво место. За тоа што потребите на другите секогаш сте ги ставале пред своите.

Престанете да се обвинувате себеси за сите моменти кога не се сте се ценеле себеси и за сите моменти кога сте дозволувале другите лошо да се однесуваат кон вас. Простете си за сите моменти кога заборававте да ја видите сопствената вредност.

Наместо тоа, бидете горди на тоа што секогаш сте оделе низ животот со отворено срце. Бидете горди на тоа што секогаш сте внимавале на туѓите чувства и никогаш намерно не сте повредиле никого!