понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 157
home Живот и стил

Пронајдено дело на Пикасо украдено од јахтата на богат шеик пред 20 години: Оваа слика е вредна 25 милиони евра

Пронајдено дело на Пикасо украдено од јахтата на богат шеик пред 20 години: Оваа слика е вредна 25 милиони евра

Холандскиот детектив Артур Бранд, кој се занимава со уметнички дела, соопшти дека ја пронашол сликата „Биста на жената“ на прочуениот сликар Пабло Пикасо, којашто пред 20 години била украдена од саудиска јахта во Франција.

Бранд денеска изјави дека уметничкото дело од 1938 година е кај него веќе две недели, а по него трагал со години. Тој ја предаде сликата на осигурителна компанија.

-Просто, знаев дека тоа е Пикасо оти од сликата блика некое волшепство, рече детективот.

Холанѓанецот познат и како Индијана Џонс во светот на уметноста, претходно откри и два бронзени коњи изработени за Адолф Хитлер и неколку други скапоцености.

Новооткриената слика се проценува на околу 25 милиони евра.