недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 45
home Живот и стил

Пронајдена порака во шише од пред 50 години

Пронајдена порака во шише од пред 50 години

Риболовец од Австралија на интернет објави порака во шише што ја пронашол на јужниот австралиски брег и за којашто верува дека е стара 50 години.

Според Пол Елиот, тој и неговиот син го пронашле шишето за време на рибарење. Авторот на пораката е извесен Пол Гибсон, 13-годишно момче од Англија кое патувало од градот Фрементл до Мелбурн, источна Австралија. Сега рибарот е во потрага по 60-годишниот човек…

Океанографот Дејвид Грифин изрази неверување дека шишето можело да плови 50 години на ова место, оти – „океанот не мирува”. – Шишето најверојатно било закопано во песокот на брегот, а потоа невреме го одвлекло во морето. Да било фрлено в море на југот на Австралија, невозможно е да остане на истово место подолго од година или две, смета Грифин.

Според британски медиуми, стотици илјади Британци во 1960-тите емигрирале во Австралија, но барем четвртина од нив се вратиле во татковината, оти новата земја не ги исполнила нивните очекувања. (МИА)

Коронавирус