понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 62
home Живот и стил

Производите за чистење носат ризик од астма, посебно кај децата

Производите за чистење носат ризик од астма, посебно кај децата

Децата изложени на средства за чистење во раниот период од животот, се поподложни на астма и други проблеми поврзани со дишните органи, покажуваат резултатите од истражувањето на канадскиот Универзитет „Сајмон Фрејзер“ во Ванкувер.

Истражувањето опфатило 2.000 новороденчиња, открива дека оние чии родители користеле средства за садови, прашоци за алишта и други средства за чистење, имаат 37 отсто поголема веројатност до третата година од животот да им биде дијагностицирана астма.

По предупредувањата за загаден воздух на отворено, стручњаците сега се сè позагрижени за загадувањето во затворени простории.

Секое семејство кое учествувало во испитувањата, било прашано – колку често користат некои од 26-те штетни производи од листата избелувачи и други средства за чисетење. Се покажало дека детергент за перење се употребува во 90 отсто од домаќинствата, и тоа секојдневно. На второ место се средствата за тоалет или за површини.

Истражувачите потоа три години ја следеле здравствената состојба на децата. Се покажало дека кај една четвртина веќе се развила астма, а кај 12 има први предзнаци за тоа.

-Нашето истражување се сосредоточува на новороденчињата, кои го минуваат 80 до 90 отсто од своето време во затворен простор, смета д-р Жаклин Парк, дел од научниот тим.

Според неа, и производите кои имаат ознака „еколошки прифатливо“, честопати содржат штетни супстанции.

Коронавирус