среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Престанете да прашувате: Овие ваши непромислени зборови ги болат жените кои загубиле дете! (ФОТО)

Престанете да прашувате: Овие ваши непромислени зборови ги болат жените кои загубиле дете!  (ФОТО)

Губењето на детето е едно од најлошите искуства што може да ги доживее жената. Може да се случи во првите недели од бременоста или подоцна, но штом жената дознае дека е бремена, детето веќе има свое место во нејзиното срце. Затоа, непромислените зборови што го занемаруваат тој факт по губењето на детето може да бидат многу болни.

Вакво искуство било инспирација за покренување на „Проектот Бенџамин“ во рамките на организацијата „Крени се за жените“ („Rise for Women“). Дејна Деведоф-Карни сакала да ја зголеми свеста на другите луѓе во однос на значењето на искуството да се изгуби дете. Како зборовите на другите може да повредуваат, но колку е важно и да се разговара и да се охрабрат луѓето да зборуваат за своите губитоци. „Проектот Бенџамин“ е составен од серија фотографии во знак на сеќавање на детето што го изгубила Дејна.

1. Изгледа дека Мишел има „совршен живот“. Одлична работа, во добра форма е и често можете да ја видите како се смее. Но, вистината е дека Мишел ја изгуби својата ќерка Мица во 2012 година, загуба со која се бори секој ден.

2. Кога ја прашуваат Шенон колку деца има, обично воздивнува бидејќи не знае што да каже. Треба ли да им каже две? Треба ли да каже дека се три?

3. Кога Мелиса им кажува на луѓето дека ја изгубила својата ќерка Ејвери, во 28. недела, тие некогаш и одговараат со: „Па, можеш и да посвоиш дете“.

4. Луѓето често ја прашуваат Андреа кога планира да има деца. Но, таа има едно. Ангел.

5. Дара Сојер вели дека коментарот што најмногу ја боли е: „Ти си многу среќна личност! Имаш и момче и девојче!“ Но, таа всушност има две момчиња и едно девојче. Едното момче е ангелче.

6. На Кристина често ѝ велат: „Можеби така било пишано“! Го изгубила својот син во 25. недела.

7. На возраст од 15 години, на Обри ѝ било кажано дека нејзиното бебе не било „бебе“. Абортирала. Години подоцна доживеала спонтан абортус. Повторно ѝ било кажано: „Не е бебе“.

8. Кристина вели дека многу луѓе ѝ рекле „Му треба братче!“ Но, малку знаат дека таа страда од неизмерна болка што го изгубила синот веднаш по раѓањето, а и дека доживеала спонтан абортус.

9. Луѓето велат – „Но тој никогаш не живееше“ – за нејзиниот син Ленон, кој беше роден мртов. Ова ја повредува Морган.

10. Дејна одела на преглед речиси секоја недела откако дознала дека е бремена. Во јуни отишла на рутински преглед. Само што влегувала во второто тримесечје. Лекарот открил дека нема отчукувања на срцето на бебето. По неколку минути ѝ рекол на Дејна дека тоа било погрешното бебе. И нејзиното тело си ја врши работата за да се ослободи од него“.

Фотоизвор: „Проект Бенџамин“

Извор: ДЕЦА.МК