петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Живот и стил

Препознајте ги навреме: 11 симптоми на топлотен удар

Препознајте ги навреме: 11 симптоми на топлотен удар

Што се случува во телото во големи горештини?

Крвните садови се шират поради што притисокот се смалува, а промената на крвниот притисок може да предизвика малаксаност и несвестица. Бидејќи срцето забрзано чука, може да дојде и до инфаркт. Се смалува циркулацијата на крвта, а крвта станува погуста, што може да предизвика тромбоза. Исто така, со ладење на телото, односно потење се губат течности и електролити од телото.

Крвните садови се шират (вазодилатација), што предизвикува опаѓање на притисокот. Промената на крвниот притисок може да предизвика слабост и несвестица, а бидејќи срцето чука побрзо, може да дојде и до срцев удар. Циркулаторниот волумен се намалува и крвта станува погуста, што може да предизвика тромбоза. Исто така, со ладење на телото, односно потење, од телото се губат течности и електролити, а интензивното потење може да предизвика топлински грчеви и исцрпеност. УВ зрачењето може да предизвика формирање на малигни тумори на кожата (на пример меланом), а може да предизвика и развој на катаракта.

Како треба да се однесуваме за време на големи горештини?

За време на големите горештини, односно во текот на летните месеци, важно е да внимавате и правилно да го заштитите здравјето на себе и вашите најблиски.

Треба да се преземат соодветни мерки.
* Избегнувајте изложување на директна сончева светлина, особено помеѓу 10 и 17 часот – ова особено важи за луѓето со зголемен ризик од топлотен удар.
* Избегнувајте излегување во најтоплиот дел од денот,
* Пијте доволно течности, односно негазирана вода или нискокалорични пијалоци без кофеин, алкохол и шеќер. Важно е постојано да пиете течности, не само кога чувствувате жед.
* Носете лесна и широка облека од светли бои изработена од природни материјали. Не заборавајте капи и шешири, како и очила за сонце, но и крема со заштитен фактор.
* Јадете повеќе помали оброци богати со свеж зеленчук и овошје.
* Туширајте се со млака вода, а можете да нанесувате и ладни облоги.
* Ако работите или тренирате на отворено, правете почести паузи под сенка и пијте повеќе течности – една чаша на секои 30 минути,

Постојат две форми на топлотен удар: класичен и предизвикан од напор.

Класичниот топлотен удар се јавува при долготрајна изложеност на топлина, а главно се јавува во летните месеци и кај постарите лица, особено оние со ограничена подвижност. Топлотниот удар предизвикан од вежбање е карактеристичен за здрави и активни луѓе – поконкретно за посебни групи како спортисти, градежни работници или други работници на отворено.

Симптоми на топлотен удар
*Црвена и топла кожа
*Главоболка
*Збунетост
*Грчеви во мускулите
*Мачнина
*Омалаксаност
*Раздразливост
*Забрзан пулс
*Забрзано дишење
*Несвестица
*Телесна температура над 40 степени

Кој е изложен на најголем ризик?
На најголем ризик се хронично болните, особено оние кои боледуваат од кардиоваскуларни болести, лица постари од 65 години и деца, работници на отворено, спортисти, војници…

Коронавирус