четврток, 22. април 2021. Вести денес: 93
home Живот и стил

Предновогодишен концерт со европски шмек во Скопје!

Предновогодишен концерт со европски шмек во Скопје!

Првиот вистински блуз и џез ресторан, Бистро Скопје нуди врвно искуство овојвикенд! Во организација на Чувдечув и новиот ресторан во центаротна Скопје, ќе се случат два врвни концерти на “Trio Gentlemen”, оперските пејачи кои и мдаваат нов, уникатен дух на светските хитови и веќе им парираат на постоечките состави како што се ,,IL DIVO”, ,,IL VOLO“ и други.

 

Уникатно за овие концерти е тоа што во нив ќе може да уживате заедно со прекрасните гурмански специјалитети подготвени од Жика и Рубин, двајцата готвачи кои од неодамна го одбраа Бистро Скопје како последна нивна дестинација по повеќе врвни ресторани во нивната кариера.

Концертите ќе се одржат овој петок и сабота од 21 часотдо 00.30 часот. За присуство ќе мора да побрзате и да резервирате неколку од малкуте преостанати места во Чувдечув на 078 52 05 52 или на [email protected]

Бистро Скопје е ресторан кој се отвори на местото на пекарата Мекиците од Стража во центарот на Скопје и е последен од низата проекти на компанијата Мекиците од Стража, со цел да се подобри угостителското искуство во Македонија и истото да се крене на повисоко ниво.

 

Коронавирус