вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Живот и стил

Предизвикала сообраќајка за да им докаже на своите деца дека Бог постои (ВИДЕО)

Предизвикала сообраќајка за да им докаже на своите деца дека Бог постои (ВИДЕО)

Бакари Варен од американската држава Џорџија, уапсена е откако намерно предизвикала сообраќајна несреќа за да им докаже на своите деца дека Господ постои и оти ќе ги заштити.

За среќа после судирот, децата и мајката поминале без повреди.

Варен со своето теренско возило во полна брзина удрила во бетонски столб, а пред самата несреќа на своите деца им рекла дека намерно ќе удри во столбот за да им докаже дека Бог постои и дека ќе ги сочува во сообраќајната несреќа доколку имаат верба во него.

Несреќата ја забележале и безбедносните камери кои ја снимиле Варен како вози со автомобилот северно од индустрискиот булевар во округот Гвинет во Џорџија, пред свесно да заврти во спротивната лента, а после тоа и да се тргне од патот и на крајот да удри во бетонскиот столб, кој предизвикал огромна материјална штета на нивниот автомобил.

Нејзините две деца на возраст од пет и седум години, биле на задните седишта и поминале без повреди.

Откако полицијата излегла на местото на несреќата, Варен раскажала што се случило и признала дека намерно го удрила автомобилот за да им докаже на своите деца дека Господ постои и оти ќе ги сочува во несреќата доколку се молат и веруваат во него.

Бизарната одлука на Варен ја потврдиле и нејзините деца, кој ги опишаа моментите кои претходеле на несреќата.

„Таа заврти во спротивната лента, ги затвори очите и повторуваше: Бла, бла, го сакам Господ, а потоа се удривме“ – изјавило едно од нејзините деца кое било во автомобилот.

Жената не негирала дека намерно го удрила автомобилот, а во своја одбрана изјавила дека ги предупредила своите деца да се врзат бидејќи намерно под полна брзина ќе го насочи автомобилот кон бетонскиот столб. Сепак, жената е уапсена на лице место и ќе се соочи со обвиненија за загрозување на безбедноста на децата. Кауцијата за нејзиното ослободување е 22.000 долари, а до завршувањето на процесот нејзините деца ќе бидат кај бабата и дедото.

Коронавирус