среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Живот и стил

Поучна приказна: Се скараа двајца браќа, а потоа дојде….

Поучна приказна: Се скараа двајца браќа, а потоа дојде….

На сите ни се случило во животот да дозволиме егото и тврдоглавоста да нè разделат од нашите блиски и сакани. Обично станува збор за ситници и обични недоразбирања кои лесно би се решиле со едно обично „извини“ или смирен разговор. Но, човечката природа е таква што реагира импулсивно и веднаш настојува да го одбрани својот став, наместо да го сослуша туѓиот.

Тогаш желбата за одмазда и цврстата увереност дека ние сме во право нè заслепуваат и ризикуваме да изгубиме значајна личност од нашиот живот само за да докажеме дека не сме ние тие што згрешиле.

Оваа поучна приказна ќе ви покаже дека сложноста и љубовта кон нашите блиски е најважна и треба да ги надвладее сите останати недоразбирања и несогласувања…

Си биле еднаш двајца браќа кои живееле во соседни фарми и кои биле скарани. Тоа била првата сериозна караница во текот на нивните 40 години. Дотогаш сложно живееле еден до друг, го делеле алатот и си помагале.

Но, одеднаш таа хармонија била нарушена. Сè започнало од едно мало недоразбирање кое довело до голема кавга и сурови зборови по кои следувале недели поминати во молк.

Едно утро некој тропнал на вратата на Горан, постариот брат. Тој отворил и видел човек со столарски алат.

„Барам работа. Можеби тука на твојата фарма би можело да се најде некоја работа за мене?“ – прашал столарот.

„Да, знам што би можел да направиш за мене. Ја гледаш онаа куќа од другата страна на потокот? Таму живее мојот сосед, односно мојот помал брат. Минатата недела помеѓу нас имаше ливада, но тој нешто копаше кај реката и сега помеѓу нас има поток. Тоа го направи за да ми наштети, ама ќе му вратам јас мило за драго… Го гледаш оној труп покрај шталата? Сакам да ми направиш ограда од два метра и да не го гледам веќе ни него ни неговата куќа“, одговорил Горан.

Столарот на тоа рекол:

„Сè ми е јасно. Дај ми клинци и бормашина и ќе видиш колку одлично ќе го направам тоа.“

Постариот брат морал да отиде до градот, така што му го дал на столарот потребниот материјал и отишол. Столарот цел ден работел вредно, мерел, сечел…

Кога вечерта постариот брат се вратил, столарот имал завршено со работа. Горан се запрепастил! Воопшто немало ограда. Столарот направил мост кој ги поврзувал двата брега на потокот. Мостот бил прекрасен, а од другата страна се приближувал помладиот брат со широко раширени раце.

„Ти си навистина прекрасен човек штом си направил мост после сè што ти кажав и направив“, рекол помладиот брат.

Браќата стоеле секој на својата страна од мостот и полека тргнале еден кон друг, среќавајќи се на средина. Виделе како столарот ја подигнува кутијата со алатот и тргнува.

„Еј, почекај! Остани неколку дена кај нас. Има уште многу работи кои би можел да ги направиш“, рекол постариот брат.

„Навистина би сакал, но морам да направам уште многу мостови“, одговорил мудриот столар.

Коронавирус