среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Живот и стил

Поучна приказна: Понекогаш погледнете и од другата страна на ѕидот

Поучна приказна: Понекогаш погледнете и од другата страна на ѕидот

Една млада жена била многу горда на цвеќињата во нејзината градина. Таа го наследила ова хоби од нејзината баба, која ја научила како да ги сака и да се грижи за своите цвеќиња, исто како неа. Токму затоа и никој не можел да се натпреварува со убавината на нејзината цветна градина.

Еден ден, додека разгледувала каталог со цвеќиња, таа забележала фотографија од можеби најубавото растение кое некогаш го видела. Мора да го имам! – си рекла таа во себе и веднаш го порачала.

Кога растението пристигнало, таа веќе имала подготвено место за него. Го засадила во близина на еден камен ѕид, во задниот дел од дворот. Тоа брзо пораснало, со прекрасни зелени лисја кои се искачувале по ѕидот, но сè уште немало цветови. Таа продолжила да се грижи за него, па дури и му зборувала со надеж дека ќе му помогне да расцвета. Но, растението останало зелено.

Едно утро, по неколку недели, таа стоела пред ѕидот и размислувала колку е разочарана затоа што нејзиното прекрасно растение не расцутило. Толку била лута, што дури помислила да го исече и да засади нешто друго на негово место. Токму во тој момент, нејзиниот сосед инвалид, чиј двор бил споен за нејзиниот, ја викнал преку камениот ѕид. „Ти благодарам многу! Не можеш ни да замислиш колку уживам во цвеќињата кои израснаа на растението кое го посади!

Младата жена влегла низ вратата во неговиот двор и видела дека на другата страна од ѕидот, растението биле преполно со цветови. И да, тоа навистина биле најубавите цветови кои некогаш ги видела.

Поука: Само затоа што не можете да го видите добриот резултат од вашата работа, не значи и дека тој не постои.

Коронавирус