недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Живот и стил

Потребни ви се само 10 секунди, а конечно ќе дознаете како да симнете килограми

Потребни ви се само 10 секунди, а конечно ќе дознаете како да симнете килограми

Една мала секојдневна навика може многу да ви помогне да го забрзате процесот на губење на вишокот килограми.

Неколку одвоени истражувања покажале интересно сознание – секојдневното мерење на сопствената тежина го забрзува процесот на слабеење.

Важно е, велат оние кои тоа го прават, да се мерите секое утро пред да се облечете, да испиете кафе или да појадувате.

Ако тогаш забележите дека имате некој грам или килограм повеќе од претходното утро, ќе знаете дека дента не треба да го јадете тоа што претходниот ден влијаело бројката на вагата да се зголеми.

Можеби претходниот ден сте јаделе повеќе солена храна, можеби сте претерале со јаглени хидрати или сте го прележале денот?

Не се обесхрабрувајте ако видите дека споро ги губите килограмите – и неколку грама секое утро е одлично темпо. Ако брзо слабеете, брзо ќе се здебелите, докажано е повеќе пати.

И на крај, утринското мерење треба да влијае на вашиот избор на храна и пијалак тој ден, но не и на вашето расположение.

Коронавирус