понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 29
home Живот и стил

Постојано сте жедни и уморни- 5 показатели дека можеби имате дијабетес

Постојано сте жедни и уморни- 5 показатели дека можеби имате дијабетес

Дијабетесот е модерна болест која секојдневно погодува сè повеќе луѓе ширум планетата. Особено загрижувачки е тоа што тој број постојано расте иако на многу луѓе не им е дијагностициран, бидејќи симптомите се сокриени и на прв поглед вообичаени, па дијагнозата тешко се утврдува. Поради тие причини, некои сигнали не ги игнорирајте, особено нападот на жед.

“Жените често предвидуваат некои знаци. Да речеме, најчесто ги поврзуваат проблемите со бешиката и бубрезите доколку често одат во тоалет, а тоа е јасен показател дека постои и проблем со регулирањето на нивото на шеќер во организмот”, вели за “Womans Health”, ендокринологот Порани Гундан од Ургентниот Центар во Бостон.

Доколку дијабетес тип 2 не се лекува, може сериозно да го наруши здравјето и да предизвика многубројни компликации – срцева болест, оштетување на нервите, деменција.

Уринирање
Постојано Ви се оди во тоалет. Кога имате вишок шеќери во организмот, Вашето тело инстиктивно се обидува да се ослободи од нив, а мокрењето е еден од најефикасните начини.

Жед
Многу пациенти кои не знаат дека имаат дијабетес постојано се жедни и работата ја влошуваат со тоа што пијат повеќе сокови. Симптомот за дехидратација е потемна урина.

Замор
Чувството на замор е уште еден показател за дијабетес. Исто како и потребата за храна, дехидратација и недостаток шеќер во организмот може да доведе до намалена енергија.

Здив
Со дијабетесот поврзан е и лошиот здив. Сувата уста поради неконтролираната жед го предизвикуваат и укажуваат дека би требало да посетите доктор.

Заматен вид
Слабиот, заматен вид е чест симптом кај жените. Имено, високото ниво на шеќер во крвта повлекува течност од ткивото, вклучувајќи ги и очите. Доколку не се лекува, дијабетесот може да предизвика трајно оштетување на видот.