недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Постои научно објаснување зошто луѓето ја изневеруваат саканата личност

Постои научно објаснување зошто луѓето ја изневеруваат саканата личност

Кога ќе слушнете дека некој го изневерил својот партнер, во вас се јавува чувство на презир и осуда.

Антропологот Хелен Фишер вели дека ситуацијата не е толку едноставна. Заедно со нејзиниот тим поминале долго време истражувајќи ги љубовните врски и односи, и какво влијание има човекот над оној којшто тврди дека го сака.

Тие ги анализирале деловите од мозокот кои се активираат кога луѓето ќе видат фотографија од личноста којашто ја сакаат.

Овој експеримент покажал дека откако луѓето ќе видат фотографија од саканата личност, во мозокот им се активира т.н центар на награда, истиот кој се активира при доживување оргазам.

Но, главниот заклучок на Фишер и нејзиното истражување е дека не постои само еден вид на љубов, туку три вида на љубов: романтична, сексуална и поврзувачка.

Романтичната љубов е онаа којашто ни прави да ја пренасочиме сета енергија на една личност, сексуалната љубов е онаа којашто определува колку често определена личност сака да води љубов, а поврзувачка е онаа во која чувствуваме доволно сигурни за да имаме деца и семејство со партнерот.

Како што објасни Фишер во нејзиниот TED говор, сите луѓе се способни да сакаат повеќе луѓе во исто време на различен начин, дури иако некој сака да има деца и семеен живот со некој партнер, тоа не значи дека нема да има сексуални желби кон друга личност.

Ова не значи дека е оправдување за изневерување, но антропологот Фишер вели дека оние коишто изневеруваат ја говорат вистината дека ќе кажат дека го сакаат партнерот иако го изневериле.

Ова секако го актуелизира прашањето дали луѓето се создадени да бидат моногамни. Секоја врска треба да се заснова на љубов и доверба.

Коронавирус