четврток, 13. август 2020. Вести денес: 159
home Живот и стил

Послушајте ги овие совети за да се поврзете со вашето дете!

Послушајте ги овие совети за да се поврзете со вашето дете!

Дури и кога прави сѐ што е потребно за своето бебе да биде безбедно и здраво во матката, сепак понекогаш мајката чувствува дека нешто недостасува.

Постои ултразвукот и снимки од стомакот, но понекогаш жената едноставно има потреба да се поврзе уште поемотивно и психички со своето неродено малечко. Познавачите препорачуваат неколку начини за тоа…

Водете дневник!

Одвојте неколку минути во денот за да ги запишете спомените, коишто подоцна ќе му ги прочитате на своето неродено дете, околу тоа – како се чувствувате, што сте му купиле за кога ќе дојде пристигнувањето овој свет, а напишаното украсете го со фотографии од стомакот што постојано расте.

Читајте му на бебето!

Вашето бебе слуша звуци уште во осумнаесеттата недела од бременоста, така што тоа ќе ужива во вашиот глас додека му читате приказна. Американската академија за педијатрија сугерира да му читате на вашето бебе секој ден.

Медитација или молитва

Одвојте дел од денот – барем неколку минути, за да бидете насамо со вашето неродено бебе. Практикувајте јога или пак, молете се на Бога, ако така го наоѓате својот мир и смиреност во денот.

Понекогаш е доволно и само седење во тишина со себе и со нероденото малечко.

Музика

Музиката ослободува од стресот, а тоа е добро и за жената и за бебето. 3атоа, мајки, советот гласи – слушајте музика, пејте и танцувајте колку што сакате.

Бидете креативни!

Пронајдете начин да ја изразите својата креативност и да создадете свој вид уметност. Ова ќе ве опушти, а ќе влијае и на вашето бебе.

Ценете се и сакајте се себеси!

Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да се гледате долго во огледало и да му се радувате на вашиот нов изглед и блажената состојба. Велат, тогаш жената е и најубава.

Почестете се!

Едноставно, направете нешто навистина убаво за себе, а и за вашето бебе. Кога мајката се чувствува добро, и на бебето му е убаво.

Одете на претпородилна масажа, спијте кога и да посакате, или само прочитајте ја омилената книга… Сè тоа – без трошка вина. Истражувањата покажаа дека релаксацијата за време на бременоста го подобрува целокупното здравје. (МИА)

Коронавирус