понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 64
home Живот и стил

После него алиштата се меки, чести и миризливи: На едноставен начин направете детергент за перење на алишта (РЕЦЕПТ)

После него алиштата се меки, чести и миризливи: На едноставен начин направете детергент за перење на алишта (РЕЦЕПТ)

За семејство кое има повеќе членови и често вклучува машина за перење, купувањето прашок е голем трошок за буџетот на домаќинството.

Дури и оние кои поретко ја перат облеката мислат дека е потребно да се стави многу прашок за подобро да се мијат валканите алишта, но тоа е често погрешно.

Но, дали знаевте дека можете сами да направите детергент за перење на многу едноставен начин, а цената е помала од онаа што ја купувате. Оние кои се обиделе да перат на овој начин велат дека алиштата после нив се фантастично чисти и миризливи.

Состојки:
1 природен сапун од билки
3 литри вода
лажица сода бикарбона
20 до 30 капки есенцијално масло – мирис што го сакате

Загрејте ја водата на шпоретот да биде топла, но не зоврива. Ситно изрендајте го сапунот и растворете го во вода. Потоа додадете сода бикарбона.

Истурете ја смесата во пластичен сад, мешајте нежно додека не се излади. Кога е ладно, додадете есенцијално масло, и тоа е тоа.

ЕУРО 2020

Македонија