вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Живот и стил

Порака на денот: Заљуби се во твојот живот

Порака на денот: Заљуби се во твојот живот

Заљуби се во твојот живот!

Заљуби се во секој нов ден, во секое ново утро кое ти дава нови можности за нови радости!

Заљуби се во себеси, во своите соништа и желби, заљуби се во сонцето и секоја нова пролет.

Заљуби се во сите мигови поминати со твоите најблиски, затоа што не знаеш уште колку време ви останало…

Заљуби се во твојата омилена храна, музика, книги…

Одново откриј ја магијата на едноставните нешта на кои често не им обрнуваме внимание, а сепак го разубавуваат твојот живот.

Насмевни им се на луѓето со кои се разминуваш на улица, можеби тоа ќе биде единствената позитивна работа која им се случила тој ден.

Посакај им убав ден на соседите, колегите, тетката на каса во супермаркет, таксистот, секој човек со кого ќе размениш по некој збор.

Кога ќе се заљубиш во твојот живот, ќе почнеш повеќе да се смееш, чекорот ќе ти стане полесен, коцките некако сами ќе се наредат.

Насмевни му се на животот и тој ќе ти се насмевне на тебе.

Заљуби се во животот и тој ќе се заљуби во тебе!