вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Порака на денот: Не се грижете за тоа што мислат другите за вас

Порака на денот: Не се грижете за тоа што мислат другите за вас

Не се грижете за тоа што мислат другите луѓе за вас, ниту пак за начинот на кој се обидуваат да влијаат на тоа како се чувствувате.

Ако луѓето сакаат да ве видат како добра личност, тоа и ќе го направат.

Ако сакаат да ве гледаат како лоша личност, ништо што ќе направите нема да направи да го променат своето мислење.

Иронијата е во тоа што колку повеќе се обидувате да им ги покажете своите добри намери, толку повеќе причини им давате за да ве негираат, особено ако се посветени на тоа погрешно да ве разберат.

Држете ја главата високо крената и бидете сигурни во она што го правите.

Бидете сигурни во своите намери и држете ги вашите очи вперени кон патот пред вас, наместо да го трошите времето на оние кои сакате да ве повлечат назад.

Со оглед на тоа дека не можете да ги промените ставовите на другите луѓе, морате да верувате дека вистинските промени доаѓаат од вас, а не од другите.