понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Живот и стил

Порака на денот: Диета не е само храната што ја јадеш

Порака на денот: Диета не е само храната што ја јадеш

Диета не е само храната што ја јадеш.

Во диета влегуваат и работите што ги гледаш, музиката која ја слушаш.

Во диета влегуваат и книгите што ги читаш и луѓето со кои се дружиш.

Обрни внимание на она што го ставаш во себе: емотивно, духовно и телесно.

Внимавај на умот исто онолку колку што внимаваш и на телото.

Исчисти го умот и душата од негативни влијанија.

Толку многу се фокусираме да ги намалиме килограмите и да го затегнеме телото, што забораваме дека треба да се трудиме и да го намалиме товарот во душата и да ја исфрлиме целата негативна енергија која многу влијае на целокупното здравје.

Дишете, смејте се, хранете се здраво, слушајте добра музика, читајте добри книги, сакајте ги луѓето кои ви носат радост во животот и ќе видите дека чекорот ќе ви стане полесен, а животот поубав!

 

Коронавирус