сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 78
home Живот и стил

Поради короната го заборавивме сезонскиот грип: Што се случува кога ќе се судрат двата вируси?

Поради короната го заборавивме сезонскиот грип: Што се случува кога ќе се судрат двата вируси?

Покрај актуелната пандемија со коронавирусот, ладните денови носат и сезонски грип кој остана позанемарен пред ковид брановите.

Најголема опасност претставува можноста пациентот истовремено да се инфицира и со корона и со вирусот на грип.

Симптомите на сите респираторни вируси, па и на грипот и на короната се слични. Она по што најмногу се разликуваат е губењето на осетот за мирис што е специфичен за короната, а не постои кај грипот.

Што се случува кога ќе се судрат двата вируси?

-Треба да се знае дека кај ослабениот организам клиничката слика ќе биде потешка и симптомите ќе бидат многу, многу потешки, истакнува вирусологот Нада Кулајиќ.

Она што најмногу ги интересира луѓето е како најдобро да се заштитат и дали може во исто време да се прими и вакцина против корона и вакцина против сезонскиот грип.

-Последната препорака од Европскиот централ за контрола на болестите е дека вакцинацијата против вирусот на грип може истовремено да се спроведе со вакцината против корона. Што се однесува до согласувањето на едната и другата вакцина, не постојат никакви контраиндикации луѓето што се вакцинирани против корона, да добијат и вакцина против грип, посочи за српските медиуми полковник д-р Иво Удовичиќ.

Активната имунизација против грипот посебно им се препорачува на лицата кои се во ризичната група со опасност за тешка клиничка слика, како и на лицата постари од 65 години.

Коронавирус