среда, 5. август 2020. Вести денес: 35
home Живот и стил

ПОМОГНЕТЕ ИМ: Луѓето кои се заразиле со коронавирус по оздравувањето имаат голем проблем

ПОМОГНЕТЕ ИМ: Луѓето кои се заразиле со коронавирус по оздравувањето имаат голем проблем

Пациентите кои се заразиле со коронавирусот и имале посериозна форма на болеста, треба да бидат прегледани од страна на лекар за да се утврди дека не страдаат од посттрауматски стрес, предупреди група на лекари, како што е соопштено од Independent.co.uk. Луѓето на кои им била потребна интензивна нега или болничко лекување се особено изложени на ризик од ментално здравје поради психолошката траума во борбата против инфекцијата, предупредуваат лекарите.

Работна група за реагирање на Ковид траума, предводена од Универзитетот во Лондон, вели дека десетици илјади луѓе кои биле на лечење поради корона треба да проверат дали имаат знаци на посттрауматско стресно нарушување.

Посттрауматскиот стрес вклучува симптоми како што се ретроспективи, кошмари, избегнување на мисли и чувства поврзани со трауматско искуство, негативни промени во мислите и расположението и постојано чувство како да се на работ. Истражувањето наведува дека некои пациенти кои биле отшуштени од интензивна нега, чувствувале паника кога излегувале сами или се чувствувале бесно што не биле во можност да се вратат во нормала.

Група лекари посочиле дека 30 проценти од пациентите кои поминале низ тешки болести во претходните епидемии развиле посттрауматски стрес.

-Се наоѓаме во најтешката глобална криза во нашето деќавање, што претставува закана, не само за физичкото здравје, туку и за менталното здравје – изјавиле лекарите.

-Повеќето луѓе ќе се справат со траумата и ќе закрепнат, но има и такви кои нема да им и лесно. Загрижени сме како социјалните мерки спроведени за намалување на ширењето на Ковида-19 ќе се мешаат во вообичаените одбранбени механизми на многу луѓе, додадоа тие.

Извор: telegraf.rs

Коронавирус