недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 77
home Живот и стил

Поминала низ голгота: Мислеле дека е пијана, а таа имала седум мозочни удари (ФОТО+ВИДЕО)

-Кога ме прегледаа, ми кажаа дека не пронашле ништо абнормално и дека во моите години е невозможно да имаш мозочен удар, изјавила Луна за која сметале дека е пијана сè додека не се онесвестила.
Поминала низ голгота: Мислеле дека е пијана, а таа имала седум мозочни удари (ФОТО+ВИДЕО)

Студентката Луна Јарвис (20) наводно претрпела повеќе од седум мозочни удари за само 24 часа. На Луна ѝ требало многу време за да ги убеди професорите и докторите што ѝ се случило. Сите ѝ кажале дека е премлада за такво нешто, а докторите дури помислиле и дека е пијана.

Ова се случило една вечер кога Луна, студентка по филм и медиуми, била излезена со друштво. Таа вели дека одеднаш почувствувала како левата страна од лицето ѝ трпне, а тоа се случило уште неколку пати следниот ден. На Јарвис ѝ се слошило и итно била префрлена во болница, каде докторите помислиле дека е пијана, а по неколку прегледи било констатирано дека девојката имала мозочен удар.

-Пробав да ја отворам устата, но не можев. Моето лице не работеше, се чувствував како мозокот да ми изумира. Беше застрашувачки. Сè започна утрото и веднаш отидов на доктор да видам дали е сè во ред. Тој не забележа ништо чудно па затоа се однесував нормално. Многу луѓе ми зборуваа дека сум добро, па затоа немав избор, раскажала младата Британка.

Is it dodie yellow tho

A post shared by 🍋Luna Robyn Jarvis❤💛💙 (@lunalemonpip) on

Меѓутоа, симптомите набрзо се вратиле и таа повикала Итна помош.

-Кога ме прегледаа, ми кажаа дека не пронашле ништо абнормално и дека во моите години е невозможно да имаш мозочен удар, изјавила Луна за која сметале дека е пијана сè додека не се онесвестила.

Кога се разбудила, покрај нејзиниот кревет стоел нејзин пријател кој ѝ зборувал, но таа не можела да го разбере.

-Додека бев онесвестена, докторите откриле дека сум имала уште еден мозочен удар. Потоа дознав дека мојот пријател ме држел при свест и дека сум можела да умрам. Ја припремиле операционата сала во случај работите да се влошат, но морничаво беше тоа што докторите прогнозираа дека шансите за преживување се 50 проценти, вели Јарвис.

Докторите објасниле дека Луна претрпела исхемиски мозочен удар кој настапува кога мозокот останува без кислород и останати хранливи материи. Причина за тоа може да биде пушење цигари, висок крвен притисок, висок холестерол, дијабетес или екцесивен внес на алкохол.

Мозокот на Луна денес функционира добро, но таа мора да прима доживотна терапија. Сепак, таа се труди да живее нормално и не се откажува од факултетот.