вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 31
home Живот и стил

Поминал 45 години во затвор за убиство кое не го направил: Сега ќе добие големо обештетување, а еве што ќе прави со парите (ВИДЕО)

Поминал 45 години во затвор за убиство кое не го направил: Сега ќе добие големо обештетување, а еве што ќе прави со парите (ВИДЕО)

Американецот кој минал 45 години во затвор, пред да биде прогласен за невин за делото за кое бил обвинет, ќе добие 1,5 милиони долари обештетување поради судска грешка, соопштија властите на американската држава Мичиген.

Ричард Филипс (73) во 1972-ра година бил осуден на доживотен затвор за убиство за кое, од почетокот тврдел дека не е виновен. Судот го осудил на основа на сведочење кое се покажало како неточно.

Филипс во 2018-та година бил ослободен после интервенција на програмата на Универзитетот во Мичиген, која се бави со судски грешки.

Официјални лица од таа програма навеле дека ниту едно лице не минало толку долго во затвор во САД поради правосудна грешка.

Поранешниот осуденик живее од продажба на слики кои ги направил додека бил во затвор, а некои негови дела се продадени за неколку илјади долари.

Филипс, инаку афроамериканец, наскоро нема да мора да продава слики за да има пари бидејќи ќе ја добие оштетата.

-Ќе патувам и уживам во животот, рекол Филипс реагирајќи на одлуката за доделување оштета.