вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 75
home Живот и стил

Погледнете ја добро оваа фотографија: Нема шанси веднаш да погодите што има на неа

Погледнете ја добро оваа фотографија: Нема шанси веднаш да погодите што има на неа

Постојат безброј природни и вештачки чуда што ги крие земјината топка, а за некои од нив не сме свесни додека не погледнеме од повисоко. Постојат и такви што се откриваат само со помош на сателитски снимки.

Фотографијата погоре е сателитска слика од полиња во Канзас кои се обработуваат со кружно наводнување. На сликата е видлив и Автопатот 56, кој ја пресекува по средината. Во зелените кругови се посевите што сè уште растат. Кон крајот на јуни, кога е направена фотографијата, пченицата добива златна боја, а кафеавите полиња ја претставуваат почвата на која жетвата е веќе направена. Инаку, полињата прикажани на оваа снимка се со пречник од 800 до 1.600 метри.

Кружното наводнување на земјиштето што се врши така што прскалките вртат околу оска во 1940 година го има измислемно фармeрот Франк Зибах од американската сојузна држава Колорадо. Неговиот изум станал широко прифатен како многу ефикасен иако требало да мине одредено време за модификација на системот со цел тој да стане конкурентен.

Покрај позитивните страни на ваквото наводнување, тоа има и негативини, како што е намалувањето на количеството подземни води, кои многу тешко може да се обноват.