сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Подобрете ја финансиската состојба со Фенг Шуи

Подобрете ја финансиската состојба со Фенг Шуи

Верувате дека движењето на енергијата влијае на сегменти од нашиот живот, вклучувајќи го и материјалниот? Ако верувате, постојат неколку начини со кои можете да постигнете финансиски успех- еве неколку од нив.

Вода – Полето на пари се наоѓа југоисточно од вашиот животен простор кој донесува растење, напредок и богатство. За да го привлечете постојаниот прилив на пари, фенг шуи за пари советува во југоисточниот дел да ставите водени симболи кој ќе го илустрира присуството на водена енергија.

Во дневната соба можете да ставите слики и фотографии на кои се прикажани водени пејзажи. Се верува дека водопадите придонесуваат за приливот на парите, па пожелно е да биде присутна слика со водопади. Но исто така може да послужи и сад со вода или малечка фонтана.

Аквариум со златни риби е идеален за привлекување на богатството. Најдобро е да имате девет риби од кои едната ќе биде црна бидејќи симболички ќе ја апсорбира секоја негативна енергија.

Фенг шуи за парите предупредува да не претерате со водени симболи, бидејќи треба да го имате во предивд балансот и рамнотежата.

Растенија – Добро е да имате растенија со листови во вид на круг во југоисточниот дел на вашиот дом – кактуси и растенија со шпицести лисја не се препорачуваат. Исто така, сувото цвеќе и сувите гранки не се пожелни, бидејќи емитуваат мртва енергија и привлекуваат лоша среќа.

Важно е да внимавате на растението, редовно да го наводнувате, а ако почне да се суши, истиот момент да го замените со ново.

Желка– Во северниот дел на вашиот дом пожелно е да имате желки кои се симбол на среќата и богатството. Може да бидат и фигури на желки. Фенг шуи препорачува никогаш желките да не бидат во пар, бидејќи единицата е број кој му одговара на северот.

Парички – Три парички со различен облик со отвор во средината и поврзани со црвена лента, се сметаат за мошне среќен симбол, а најдобро е да ги носите со вас, во вашиот паричник.

Фенг шуи за подобрување на финансиската состојба ви советува никогаш да не го правите следното:

-Не ставајте вода во спалната соба – може да изгубите пари и да имате проблеми во љубовните односи.
-Не поставувајте водени аранжмани од десната страна на вратата (десна страна кога гледате надвор) – тоа донесува неверство, најчесто од страна на мажите.
-Не поставувајте симболи на водена енергија под скалите – лошо се одразува на финансиската состојба на децата во семејството.

Коронавирус