сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 2
home Живот и стил

Почина 11- годишното дете што јадеше тоалетна хартија

Почина 11- годишното дете што јадеше тоалетна хартија

Единаесет годишниот Каден Бенџамин од Јужна Африка, кој јавноста го запозна како момчето што јадеше тоалетна хартија, почина на 11-годишна возраст, пренесе „Дејли мејл“. Тој патеше од Прадер-Вили синдромот, поради кој постојано се чувствувал гладен.

Поради неговата состојба, неговиот мозок не можеше да регистрира дека на неговото тело не му е веќе потребна храна и никогаш не се чувствуваше сит. На 10 години тој тежеше 90 килограми. Јадеше тоалетна хартија и земја, зошто не можеше да добие друга храна.

Поради неговата дебелина, мораше да биде опериран и да диши преку цевки, а боледуваше и од зголемено срце, дијабетис и депресија.

Коронавирус