вторник, 18. јуни 2019. Вести денес: 49
home Живот и стил

По контроверзното минато и безобразно скапиот развод, пензионерот се ожени со 29-годишна девојка (ФОТО)

По контроверзното минато и безобразно скапиот развод, пензионерот се ожени со 29-годишна девојка (ФОТО)

67-годишниот Стив Зиелински, поранешен сопственик на топлес ресторани, се оженил со 29-годишната блогерка Емили Чарман, пренесува “Mirror”.

Парот се венчал на југозападот на Австралија минатиот месец, а младоженецот истакнува дека Емили не се омажила за него поради пари. Иако разликата меѓу нив е 38 години, Зиелински верува дека тоа не е никаков проблем.

“Луѓето ми велат, што ќе правиш кога ќе имаш 77 години, а таа 40. Јас им велам дека ќе се однесувам како и досега”, рекол тој.

Господинот Зиелински своето богатство го стекнал со водење на ресторани во Перт, каде на гостите им нудел да јадат храна од голите тела на неговите келнерки.

Неговото контроверзно минато ги убило и неговите надежи да влезе во политиката во 2017-та година. Тогаш во јавност се појавиле фотографии на кои позира со жена која е облечена како Плејбој зајачица.

Планирал да се кандидира за Државниот сенат, но тоа пропаднало кога било откриено неговото минато. Меѓутоа, тоа не влијаело на неговата љубов со Емили, која ја запознал пред осум години во едно кафуле.

“Имав речиси 60 години. Мислев дека нема да биде заинтересирана за мене, но станавме пријатели па полека изградивме врска”, рекол тој.

Последниот брак на овој могул завршил со развод, кој пензионираниот бизнисмен го чинел дури 1,2 милиони долари. Тој сега додава дека неговата сопруга не е со него поради пари.

“Таа не е спонзоруша. Последната жена ми ги зема сите пари, така што Емили од мене нема тоа да го добие. Многу мои пријатели се слободно, имаат бесни автомобили, а девојките ги избираат бидејќи мислат дека имаат пари”, истакнува тој.

Емили истакнува дека и годи врската со постар мажи и дека неговите години никогаш не и пречеле, иако е постар и од нејзината мајка.

Покрај тоа што гради кариера на Инстаграм, Емили е и личен тренер и води блог за веганство.