понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 86
home Живот и стил

Пиењето вода со мраз е штетно за човековото тело, еве зошто

Пиењето вода со мраз е штетно за човековото тело, еве зошто

Во лето се препорачува да се пие повеќе вода, но многу луѓе прибегнуваат кон ладна, па дури и ледена вода, за да се освежат.

Сепак, стручните лица наведуваат дека ладната вода може негативно да влијае на дигестивниот систем. Внатрешната телесна температура е околу 36 степени и затоа за нормална работа на телото треба да се пие вода со слична температура. Сахара Роуз, стручњак во областа на традиционалната медицина, смета дека нашето тело троши многу повеќе енергија кога внесуваме ладна вода, оставајќи помалку енергија за умствените функции и крепост на телото.

– Кога внесуваме ладна вода во телото, доаѓа до стеснување на крвните садови, додека со пиење топла вода крвните садови се шират. Препорачливо е да се консумира потопла вода – тоа влијае и на варењето на храната, вели д-р Роуз.

Таа, меѓутоа, нагласува и дека ако сте жедни, не е паметно да чекате водата да достигне совршена температура. Хидратацијата е приоритетот, особено за време на потоплото време и за оние кои вежбаат.

Локални избори 2021