среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 72
home Живот и стил

Пет знаци дека вие сте главниот виновник за проблемите во врската

Пет знаци дека вие сте главниот виновник за проблемите во врската

Секогаш е полесно да го вперите прстот во другите и да ја префрлите вината на партнерот кога станува збор за врските.

Од друга страна, многу потешко е да признаеме, макар и себе си, дека оној кој погрешил сме самите ние. Ако се прашувате зошто имате низа неуспешни врски, можеби треба да го насочите прстот кон себе и да се преиспитате какво е вашето однесување во врска.

Наместо за сите неуспеси, расправии и на крај, раскинувања, да ги обвинувате партнерите, бидете искрени со себе и видете дали можеби виновникот сте вие.

Ако искрено направите анализа на своето однесување може многу да си помогнете за својот љубовен живот.

Не сте задоволни од себе си

Кога некој не се чувствува добро во својата кожа, тоа негативно се одразува на сите аспекти на нивниот живот, вклучувајќи ја љубовната врска.

„Сѐ е поврзано и тешко е веројатно дека ќе бидете среќни во врската ако не сте задоволни со самите себе“, тврди Сет Мејерс, автор на книгата „Overcoming Relationship Syndrome and Find the Love You Deserve“, кој советува дека ако сакате да си го подобрите љубовниот живот, пред сѐ мора да поработите на својата самодоверба.

Одбегнувате сериозни разговори

Ниту еден проблем што го имате во врската нема да се реши сам од себе и треба да разговарате со партнерот за да се обидете заеднички да дојдете до решенија. Дури и ако разговорот премине во расправија, тоа е подобро од молчење и ставање на проблемите „под тепих“, што не води до потенцијално решение.

Бурно реагирате кога сте навредени

Секогаш кога партнерот ќе каже или направи нешто што ве повредува или навредува, вие правите сцена и во истиот момент врз него ги истурате сите проблеми во врската.

Лорен Стајнберг, психолог од Њујорк, советува да се обидете да не ги гледате нештата еднострано.

„Пред да изреагирате, обидете се да застанете за миг и да размислите за неговите намери. Ако станува збор за непромисленост, а не за намера да ве повреди или навреди, разговарајте наместо веднаш да осудувате и да враќате ‘мило за драго’“, вели таа.

Ако сепак процените дека партнерот намерно кажал или направил нешто со цел да ве повреди или навреди, проблемот не е во вас и треба да застанете во своја одбрана.

Не знаете да признаете кога не сте во право

Ако не знаете да ја преземете одговорноста за своите грешки и секогаш го обвинувате другиот, тоа е лош знак.

Пред да го вперите прстот и да почнете да напаѓате, преслушајте се дали можеби заклучоците ви се изведени од погрешни впечатоци и недоразбирање. Ако свесно сте згрешиле нешто и не сакате да признаете, тоа е знак на незрелост и не сте фер кон партнерот.

Ги чувате мислите и чувствата во себе

Ако не ги споделувате со партнерот мислите што ве мачат или чувствата што ве обземаат, вие не го исполнувате својот дел од партнерството. Ако не се чувствувате удобно да го направите тоа, а го барате од него, не сте фер. Обично своите стравови и несигурности ги проектираме на другиот за да се чувствуваме подобро во врска со себе си, но тоа не води никаде.

Не си правете сами саботажа на врската што може да има потенцијал да биде љубовта на вашиот живот.

Коронавирус