сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 104
home Живот и стил

Пет работи на кои мажите и жените гледаат целосно различно

Пет работи на кои мажите и жените гледаат целосно различно

Секогаш постојат исклучоци, но ова се некои од најчестите работи на кои мажите и жените гледаат од поинаква перспектива.

Според едно истражување, повеќето луѓе мислат дека мажите и жените во основа немаат многу нешта заеднички. Дури 87% од луѓето веруваат дека двата пола на различен начин ги изразуваат чувствата, а 68% од нив мислат дека е невозможно жените и мажите да имаат исти интереси.

На овие шест работи мажите и жените гледаат целосно поинаку:

Првиот состанок

Жените на првиот состанок најмногу помислуваат за тоа каков е мажот со кој излегле и се надеваат дека е нормален и дека со него ќе успеат да изградат некаков однос.

Истовремено, мажите се надеваат дека жената за нив ќе мисли дека се нормални и дека ќе има и втор состанок по првото излегување.

По раскинување на врска

Мажите влегуваат во прва фаза на преболување во која ја слават слободата додека жените плачат поради страв дека засекогаш ќе останат сами. Но, тоа брзо се менува. Потоа мажите плачат, а жените слават што се ослободиле од некој кој не ги заслужува.

Основање семејство

Мажите поретко ги прашуваат кога ќе се оженат и кога ќе имаат деца, додека секоја жена која е близу триесеттата година постојано добива прашања од тој тип.

Кога се предолго сами

Мажите кои живеат сами и немаат партнерка често живеат во неуредни станови и времето го минуваат во играње видеоигри или гледање спортски натпревари со другарите.

Жените внимаваат на уредноста на домот и повеќето набавуваат домашно милениче за да не бидат целосно сами.

Караници

Повеќето мажи заминуваат од караница и кога се лути им треба време да се смират и се оддалечуваат од жените.

Од друга страна, жените сакаат веднаш да се расчистат работите и ако среде караница кажат дека си заминуваат очекуваат мажот да ги запре или да тргне по нив.

извор: kajgana.com

Коронавирус