сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Пет причини зошто луѓето остануваат во токсична врска

Пет причини зошто луѓето остануваат во токсична врска

Многу луѓе остануваат во нездрави врски, но за да ги препознаеме знаците на таквиот однос, треба длабоко да нурнеме во психологијата што стои зад секоја причина поради која луѓето остануваат во токсични и нездрави врски.

Според психотерапевтот Џини Лав Томпсон, секоја врска има одредено ниво на токсичност. Иако е нормално да има подеми и падови во врската, корисно е да се знае кога е време за крај.

Но, тоа е полесно да се каже отколку да се направи.

1. Луѓето се плашат од самотија

Според истражувањата, стравот од самотија може да ги натера луѓето да останат во деструктивни врски од едноставна причина, подобро е да имаш несовршен партнер отколку да бидеш сам.

Општеството понекогаш може да ги натера луѓето да мислат дека да бидеш сам е негативна работа, но во реалноста нема ништо лошо во тоа.

2. Ниско ниво на самодоверба

Луѓето кои имаат ниско ниво на самодоверба имаат тенденција да останат во нездрави врски. Откако долго време доживувале малтретирање и токсично однесување, луѓето лесно можат да паднат во замка верувајќи дека тие се виновни за токсичното однесување на партнерот. Ниската самодоверба исто така може да ги натера луѓето да ја преиспитуваат сопствената вредност.

3. Чувство на одговорност за партнерот и неговите постапки

По непријатна ситуација или конфликт, се развива чувство на вина кај оној кој трпи малтретирање. Ова однесување се развива постепено, па отежнува личноста да сфати што се случува. Чувството на нервоза, збунетост и неможност да верува во себе и своите постапки се дел од сигналите.

4. Верува дека работите може да се променат

Многу луѓе кои се во нездрави врски понекогаш остануваат во неа бидејќи го сакаат партнерот и веруваат дека еден ден тој ќе се поправи или дека врската ќе закрепне. Претпоставуваат дека нездравото однесување на партнерот е како резултат од тешки околности и слично. Но во реалноста, ништо не може да промени некој кој не сака да се промени. За жал, ситуацијата со текот на времето само се влошува.

5. Страв од одбивање

Една од причините зошто остануваат во нездрава врска е затоа што некои луѓе се плашат од одбивање, па се врзуваат за моменталниот партнер. Овие луѓе тешко се изразуваат и тешко ги искажуваат своите мисли.

Коронавирус