недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Живот и стил

Пет начини како да си ја зголемите интелигенцијата

Пет начини како да си ја зголемите интелигенцијата

Интелигенцијата на човекот може да се зголемува со текот на годините, особено ако човек се посвети на тоа. Денес ви предложуваме неколку начини преку кои можете да ја зголемите интелигенцијата. Доколку ги правите овие работи секојдневно, ќе постигнете огромен напредок и постојано ќе се надградувате.

1. Испробувајте нови работи

Не се држете постојано за познатото. Правете работи кои не ви се познати и на тој начин ќе совладувате и учите нови вештини. Читајте за работите кои не ги знаете, правете активности кои досега не сте ги правеле. Проширете ги хоризонтите.

2. Предизвикувајте се самите себеси

Не заборавајте да си поставувате предизвици. Мозокот, како и мускулите, подобро работи кога се соочува со отпор. На тој начин ќе морате да барате најразлични алтернативи за да го надминете предизвикот, а со тоа и мозокот ќе ви работи поинтензивно. Со тоа оставате огромен простор за надградување и личен развој.

3. Бидете креативни

Отфрлете ги шаблоните и клишеата. Без разлика дали се работи за проект на работа или изненадување за најблиските, бидете креативни. Обидете се да смислите нови работи и нови пристапи кон решавање на работите и донесување на одлуките. Некои луѓе кога се опишуваат себеси велат дека не се креативни. Тоа не е вистина. Секој човек е креативен доколку се реши да биде.

4. Не го бирајте полесниот пат

Човечки е луѓето да сакаат да си поминат полесно и да го бираат полесниот пат. Но, тоа понекогаш може да направи човек да стане помрзлив и да се труди помалку. Се разбира, ова не значи дека треба да си го направите животот пеколен, но одвреме-навреме избирете го патот кој носи повеќе предизвици. На пример, наместо да користите GPS кога одите некаде, обидете се сами да се снајдете. На овој начин мозокот ќе ви биде поактивен.

5. Мешајте се со луѓе

Можеме да научиме многу од другите луѓе. Запознавањето нови луѓе и дружењето со пријатели ќе ве изложи на нови идеи, нови мислења и погледи на светот кои можат да ве инспирираат за многу нови нешта. Со слушање на туѓите искуства можеме да ги надградиме своите, така што, не се плашете од мешањето со луѓето, напротив, обидете се колку што е можно почесто да учите од нив.