недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 53
home Живот и стил

Пет начини да се изборите за поголема плата

Пет начини да се изборите за поголема плата

Бидете мудри, работете паметно и сметајте на поголема плата. Преземете едноставни чекори со чија помош ќе го постигнете ова.

Не двоумете се да побарате поголема плата. Ако избегнувате отворен разговор, наметнете се со квалитетите. Најлесен начин да добиете поголема месечна плата е да го прашате шефот – така јасно ќе му ставите до знаење што сакате, а одговорот ќе го добиете веднаш.

Специјализирајте се

Станете експерт за одредена област, работа или задачи во вашата фирма. Ќе имате помалку работа бидејќи луѓето нема да ви се обраќаат за се` и сешто. Ќе знаат дека сте експерт за нешто, па ќе ве штедат за покрупни задачи.

Приспособете се

Размислете како можете да ги приспособите своите способности на она што ѝ е потребно на вашата фирма. Ако повеќе се ценат вработените што подобро владеат со компјутерски вештини, поработете на тоа.

Тренирајте

Ако колегите често ве викаат да се консултирате околу работата во некоја програма, како да состават соопштение или да организираат настан, размислете за тоа да се занимавате со обука на нови кадри во вашата фирма.

Набавете сертификат

Сертификат со завршен курс подобро ќе ве позиционира на работа. Завршете некој курс надвор од работата и известете го шефот за тоа.

Не се откажувајте

Ако на позицијата на која работите нема место за зголемување на платата, не очајувајте. Побарајте преместување на подобро платено место во фирмата. Не се откажувајте од вашата цел дури ни по цена тоа да бара промена на компанијата.