недела, 20. септември 2020. Вести денес: 82
home Живот и стил

Паровите што пијат заедно, остануваат заедно

Паровите што пијат заедно, остануваат заедно

Обожавате да се испијанувате со партнерот? Ако одговорот е да, иамме добри вести за вас. Ново истражување покажа дека паровите кои пијат заедно, остануваат подолго време заедно.

Истражувањето објавено во The Journals of Gerontology Series B: Psychological Series, вели дека паровите што почесто пијат заедно имаат подобро мислење еден за друг, а помалку негативни карактеристики за истакнување кај партнерот – сè на сè подобар однос.

Во истражувањето учествувале 2.767 парови од различни возрасти.

„Не сме сигурни зошто ова е така, но претпоставуваме дека паровите што прават повеќе релаксирачки активности заедно, имаат поквалитетен брак“, изјави Кира Бирдит од универзитетот во Мичиген.

Сепак, ова не важи за ексесивно пиење на алкохол, што се граничи или пак е алкохолизам. Во тој случај, овие индивидуалци имаат лоши односи со луѓето околу нив, особено со партнерите.

Коронавирус