четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 110
home Живот и стил

Пар од Индија ги тужи синот и снаата: Им организирале свадба, па бесни се дека немаат се уште внуче

Пар од Индија ги тужи синот и снаата: Им организирале свадба, па бесни се дека немаат се уште внуче

Пензиониран пар од Индија поднесе тужба против синот единец и снаат бидејќи не им подариле внуче по шест години брак. Бараат од нив отштета во висина од 650.000 долари ако не добијат внуче за една година.

-Сакаме внука или внук за една година или обештетување, бидејќи нашиот живот се потроши на школување на синот, изјавил Санјев Прасад пред новинарите објаснувајќи дека во 2006 година го пратиле синот на обука за пилот во САД, што ги чинело 65.000 долари.

Синот во Индија се вратил во 2007 година, но останал без работа, па родителите го издржувале повеќе од две години, пишува Индијан тајмс.

Во меѓувреме, 35 годишниот син се вработил како пилот. Во износот кој родителите го бараат од него и снаата се вклучени и трошоците за раскошната свадба во луксузен хотел со пет ѕвезди, автомобил од 80.000 долари и меден месец за младите во странство.

синот и снаата

Родителите велат дека бракот му го договориле во 2016 година со 31 годишна девојка надевајќи се дека ќе имаат внуче со кое ќе можат да си играат во пензија.

-Најголем проблем е што ни треба внуче во овој период од животот, но мојот син и снаа не се грижат за тоа и за нас. Им ја организиравме цела свадба со надеж дека еден ден ќе станеме баба и дедо, а поминаа веќе пест години. Се чувствуваме дека и покрај тоа што имаме се, немаме ништо. Многу сме несреќни, вели Санјев.

Судот на прифатил тужбата. Адвокатот на родителите вели дека парот е тужен поради „психолошка бруталност“.

Коронавирус