вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 92
home Живот и стил

Паднал во депресија и сакал да се самоубие: Во последен момент му заѕвонел телефонот и сè се променило засекогаш (ФОТО)

Паднал во депресија и сакал да се самоубие: Во последен момент му заѕвонел телефонот и сè се променило засекогаш (ФОТО)

Се запознале во камп како тинејџери, но по летото се разделиле и секој тргнал по својот пат. Кевин паднал во депресија и одлучил да се самоубие покрај средното училиште во кое одел. Меѓутоа, таа му се јавила баш во тој момент.

-Кога имав 13 години во летниот камп ми пријде најубавото девојче и ми кажа: “Црната боја ти стои одлично”. Не знаев што сакаше да ми каже, ја почнува својата приказна Кевин Валш.

 

View this post on Instagram

 

Happy birthday to my favorite 1/4 of our teensy family (sorry Heisey and Jax!). Cheers to birthdays togetha foreva! #familyphoto

A post shared by Blake Walsh (@blakeyk) on

“Морам да признаам, секој ден мислев на неа. Дури ни денес со сигурност не можам да кажам зошто, но од некоја причина не можев да ја извадам од глава”, објаснува тој.

Сплетот на несреќни околности тогаш 17-годишниот Кевин го довел до тешка депресија.

“Раскинав со девојката, кучето ми умре на денот на мојата матурска забава. Сето тоа многу ме погоди. Одлучив да се самоубијам. Напишав проштална порака и отидов на местото каде мислев тоа да го направам. Само неколку секунди ме делеа од самоубиство, а тогаш ми заѕвони мобилниот. Ми се јави некој од непознат број. Се јавив и сфатив дека е таа. Ја прашав што има ново, а таа ми одговори дека почувствувала дека треба да ми се јави”, додава Кевин кој последен пат се слушнал со Блејк пред една година.

“На кратко, и раскажав што планирам, а таа ме разубеди да не го правам тоа. Буквално ми кажа: “Што? Немој тоа да си го направил”. И така и беше”, вели Кевин.

Вели дека му ветила дека следниот ден ќе му се јави повторно, а тој прифатил.

“Таа ноќ почнав да ги пишувам зборовите со кои, 10 години подоцна, ја запросив”, додал тој.

Парот останал во редовен контакт, а со време пријателството прераснало во љубовна врска. Оваа неверојатна приказна добила и филмски “хепи енд”, кога Кевин ја запросил Блејк.

Парот е во среќен брак подолго од две години, а Кевин вели дека се радува што остатокот од својот живот ќе го мине со жената која го спасила.

 

Извор: ТОЧКА

Коронавирус