вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 91
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Живот и стил

Овој зачин го користите секој ден, а потполно го уништува имунолошкиот систем

Овој зачин го користите секој ден, а потполно го уништува имунолошкиот систем

Солта е важен елемент за правилно функционирање на човечкиот организам, но преголемата количина остава сериозни последици на имунолошкиот систем.

Во овој период, од клучна важност е имунитетот да биде силен за да може телото да се избори со вирусот доколку го нападне.

Неодамна било спроведено научно истражување во кое учествувала група луѓе што се согласиле да поминат низ многубројни биохемиски тестови. Тие секој ден земале 6 грама сол повеќе од препорачаната доза.

Само една недела подоцна, нивните резултати значајно се влошиле и забележен е ненадеен пад на имунолошкиот систем.

Вишокот сол ги спречува органите да ја прочистуваат крвта. Ако телото има премногу сол, тогаш таа вода почнува да се задржува во органите и во ткивата, поради што бубрезите престануваат нормално да функционираат. Понатаму, поради задржувањето токсини во телото, се создава погодно тло за развој на разни воспаленија.

Последиците од прекумерната консумација се и развој на хроничен умор, проблеми со срцето, исцрпеност и пад на концентрацијата, како и проблеми со зглобовите и мускулите.

Извор: Убавина и здравје

Коронавирус