сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 92
home Живот и стил

Овој проблем го имаат речиси сите жени, а конечно пристигна домашниот рецепт кој ќе ви помогне

Овој проблем го имаат речиси сите жени, а конечно пристигна домашниот рецепт кој ќе ви помогне

Ако постои нешто што може да ја дефинира жената кога станува збор за физичкиот изглед, тогаш тоа секако е нејзината коса. Таа бара големо внимание, но многу жени имаат проблем со опаѓањето на косата или пак, со нејзиното бавно растење.

Постојат многу фармацевтски третмани кои ветуваат побрз раст на косата, но постојат и природни третмани кои ги нудат истите, дури и подобри резултати за помала цена! Еве еден од најдобрите домашни рецепти за брз раст на косата, што многу едноставно се подготвува.

Потребни состојки:

– 3 лажички цимет
– 6 лажички мед
– 6 лажички маслиново масло

Начин на подготовка и употреба:

Ставете го маслиновото масло во сад да се загрее, а потоа додадете ги останатите состојки и добро промешајте. Додека е топла, ставете ја целата смеса на темето на главата и оставете ја да делува еден час. После ова, измијте ја косата со топла вода. Повторувајте ја оваа постапка 3 пати неделно и резултатите нема да изостанат.

Причини поради кои можете да патите од опаѓање на косата:

– Недостаток на железо: Кога немате доволно железо во крвта, може да се случи да започнете да ја губите косата. Жените во текот на менструацијата имаат поголема можност за намалување на нивото на железото во крвта.

– Забавена работа на тироидната жлезда: Забавената работа на тироидната жлезда може да предизвика хормонално прометување кое резултира со опаѓање на косата.

– Вашето здравје не е оптимално: Лошата исхрана, како и недостатокот на витамини и протеини може да влијае на растот на силна и здрава коса.

– Косата обично многу опаѓа после некоја болест, операција или хормонални промени, како што е бременоста или менопаузата.

Коронавирус