петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 133
home Живот и стил

Овие знаци ќе ви одговорат на прашањето: Дали сте вие алфа жена?

Овие знаци ќе ви одговорат на прашањето: Дали сте вие алфа жена?

Постојат многу малку нешта кои го одземаат здивот како што тоа го прави алфа жената.

Дали вие спаѓате во оваа категорија? Откријте дали сте алфа жена преку наредниве 10 знаци:

1. Вие сте секогаш во центарот на настаните

Без разлика дали вие го посакувате тоа или не, изгледа дека вниманието постојано ве наоѓа. Вашата висока самодоверба ги привлекува сите погледи кон вас, па токму затоа на работа од вас постојано бараат совети за одредени проекти или пак, ве назначуваат за лидери на групните задачи. За време на социјалните настани вие сте оние кои ги споделуваат своите интересни приказни и бескрајно ги засмејуваат луѓето околу себе. Вие го крадете вниманието со помош на вашата енергија, држење на телото, како и со неверојатниот талент за социјална моќ.

2. Вие живеете со цел

Не поминува ниту еден ден без да знаете што точно треба да добиете од тој ден. Вие имате јасни цели за она што сакате да го постигнете во сите области од вашиот живот. Физичките, менталните и спиритуалните цели кои си ги имате поставено се повеќе од обични нешта кои сакате да ги достигнете – тие се постигнувања кои ве дефинираат и токму затоа ги правите со целото ваше срце. Но, и покрај сè, вие знаете дека работите не се постигнуваат така лесно и дека треба да вложите многу труд за да го постигнете тоа што сте го замислиле.

3. Не се плашите да бидете сами

Само што сте ставиле крај на 5-годишна врска? Нема проблем. Вас не ве дефинираат романтичните врски. Вие знаете дека сте способни да постигнете сè дури и доколку немате љубов во вашиот живот. Всушност, понекогаш ви изгледа како да сте многу попродуктивни кога сте сами, па раскинувањето ви е како маскиран подарок. Сега конечно имате време да ги прочитате сите оние книги кои собирале прав во вашата соба или пак, да се видите со пријателите за кои долго сте немале време. Што се однесува до момчето, секогаш ќе има следно!

4. Вие ја сфаќате важноста на рамнотежата

Вие добро разбирате дека е потребна рамнотежа во сите области од вашиот живот: физичкиот, менталниот и спиритуалниот. Вие сте подеднакво посветени на сите овие области од вашиот живот со цел да можете да го искористите максимумот од себе. Вие ја прифаќате важноста на верувањето во нешто поголемо од себе со цел да се почувствувате целосно исполнето. Вие се грижите за вашето тело како да е свет храм или едно од 7-те светски чуда и да бидеме искрени, тоа навистина е така. И што е најважно до сè, вие никогаш не престанувате да се развивате себеси на интелектуално ниво.

5. Вие ги прифаќате промените

И покрај тоа што повеќето луѓе се преплашени од промени, неверојатната алфа жена постојано ги пречекува. Таа верува дека не постои раст и развој без промена, но и дека не постои промена без жртва. За вас можноста за себеподобрување вреди многу повеќе од стравот од жртвување на удобноста во која живеете и ви е добро позната. Токму тука лежи и убавината на алфа жената, во способноста да се соочи со животот и да ги прифати сите можности за промена.

6. Вие знаете како да љубите

И покрај тоа што многумина би помислиле дека алфа жената си е доволна сама на себе и дека не е способна за љубов, тоа е далеку од вистината. Алфа жените детално ја разбираат својата вредност и токму затоа го штитат своето срце сè додека не најдат личност со истата вредност која ги заслужува. Кога тоа ќе се случи, нивната љубов е безусловна, верна и вистинска. Што се однесува до првиот чекор, алфа жените не се плашат да го направат како и да се борат за онаа личност која тие ја гледаат како своја вистинска љубов.

7. Многу често не ве разбираат

Општеството има потреба да ги сместува луѓето во калапи со цел да ги оформи на одреден начин, но искрено ова вам не ви одговара. Вие не се извинувате за вашите мислења, не ги држите во себе вашите уверувања и токму затоа ретко кој може да ве убеди да го смените вашиот став. Бидејќи сте свесни за сите свои постапки и имате висока самодоверба, тоа многу често може да ве доведе до ситуации во кои едноставно другите не ве разбираат. Општеството едноставно не може да разбере како една жена може да биде толку смела, храбра, темелна и неверојатна. Вие никогаш не чувствувате потреба да се промените за другите.

8. Вие преземате ризици без контрола

Вие верувате во мудрите зборови на Вилијам Шед кој рекол, „Бродот е безбеден на пристаништето, но бродовите не се создадени за таму“. За вас животот не вреди да се живее без ризици. И покрај тоа што многумина одвреме-навреме ве доживуваат како невнимателна личност, вие имате способност кога ќе забележите можност веднаш да излезете од вашата удобна зона со цел да ја зграбите. Ова е нешто што едноставно природно ви доаѓа.

9. Вие знаете дека нешто не знаете

Вашата мудрост и константното трагање по знаење ве имаат научено дека всушност не знаете сè. Токму ова размислување ве одржува да не станете арогантни и егоцентрични. Продолжете така, но не заборавајте дека секогаш постои простор да научите нешто повеќе од луѓето околу вас. Ова е клучно доколку сакате да одржувате рамнотежа во вашиот живот. Со време вие ќе научите дека понекогаш треба да се повлечете и да му дозволите на некој друг да сјае, знаејќи дека со тоа повлекување вие не го намалувате вашето светло, туку баш напротив, тоа почнува посилно да свети.

10. Вие никогаш не се откажувате

Ова е можеби една од најневеројатните квалитети која една алфа жена ги поседува. Фактот дека знаете дека не е готово сè додека не ја добиете вашата целосна победа е она што ве турка во животот. Овој квалитет е тоа што ви овозможува да бидете успешни и да се издвоите од останатите. Вие имате ваши цели и сте решителни, а токму тоа ви ја дава слободата да бидете смели и храбри. Вие знаете каде сте биле, каде одите и точно за што сè сте способни!

 

Коронавирус