понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 81
home Живот и стил

Овие три рецепти треба да ги знаете, ќе ви помогнат при болки во желудникот

Овие три рецепти треба да ги знаете, ќе ви помогнат при болки во желудникот

Ослободете се од непријатните симптоми и болки поради зголеменото лачење на киселина во желудникот со домашни препарати.

Доколку често страдате од киселина во желудникот не морате да посегнувате по лекови. Искористете неколку намирници кои ги имате во кујната и направете ефикасни природни лекови.

Лек со босилек

На првите симптоми со зголемено лачење на киселината во желудникот, земете и џвакајте свежи листови од босилек. Исто така, можете да сварите 3-5 листови босилек во една шолја вода и да го испиете чајот. Овој чај можете да го засладите со мед, но не му додавајте млеко.

Напиток со цимет

Циметот е одличен лек за проблемите со варење и желудечните проблеми. Додадете една лажца цимет во шолја вода и зовријте ја водата на оган. Оставете да се вари неколку минути, а потоа тргнете го од оган и оставете го да се олади. Овој чај треба да го пиете два до три пати дневно.

Каранфилче како лек

Овој зачин може да го намали лачењето на киселина во желудникот и да ги елиминира гасовите. Едноставно џвакајте неколку зрна каранфилче во текот на денот. Ефикасен лек против киселини и лош здив е и мешавината од истолчено каранфилче и кардамон.

Коронавирус