среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие три проблеми ќе ве натераат НИКОГАШ да не заспиете со мокра коса

Овие три проблеми ќе ве натераат НИКОГАШ да не заспиете со мокра коса

Колку пати ви се случило по бањањето да заминете во кревет со мокра коса, пуштена или собрана во пешкир?

Ви претставуваме три проблеми кои можете да ги добиете по спиењето со мокра коса:

Поттикнување на развојот на габи

Перницата е идеално место за развивање на разни бактерии бидејќи на неа се собираат мртвите клетки и маслото од кожата, како и грините. Додадете го на сето ова мокриот пешкир и топлината и тоа е доволно за развој на досадните габи.

Главоболка

Веројатно не знаевте, но телесната температура во првата фаза се намалува до температурата во собата во која спиете, додека во REM фазата се зголемува. Бидејќи косата е завиткана во пешкир, температурата на главата не може да се прилагоди на температурата на телото и тоа може да предизвика силни главоболки кои можат да ве разбудат и во средина на сонот.

Испукана коса

Знаете и самите дека мократа коса е склона на пукање, особено ако ја триете со пешкирот. Поради триењето кое се создава меѓу косата и пешкирот таа може да се оштети и испука.

Коронавирус