вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 105
home Живот и стил

Овие совети за исхрана треба да ги знаат сите жени кои се доилки

Овие совети за исхрана треба да ги знаат сите жени кои се доилки

Една од важните работи за доилките е да пијат доволнa количинa на течности: вода, јогурт и млеко, лесни билни чаеви, супи, свежо цедени сокови.

Алкохолните напитоци треба да се изостават, а кафето и чаевите од видот на црн и зелен чај, да се сведат на минимум. Се препорачува внес на 3 порции млечни производи во текот на денот и тоа посебно збогатени со витаминот Д (1 порација = 250 мл млеко или јогурт = 80 грама немасно сирење = 50 гр кашкавал).

Треба да консумираат разновидно овошје и зеленчук во најразлични бои, а да ги избегнуваат намирниците кои предизвикуваат надуеност: грав, леќа, соја, кикирики.

Јаткастите плодови (ореви, лешници, бадеми) и семките (ленено, сончоглед, семки од тиква) да се консумираат секојдневно.

Треба да се внесуваат доволни количини на месо и риба, особено сардина.

Секојдневно треба да се користат намирниците кои се извор на јаглени хидрати: леб, тестенини, ориз, компир. Но, потребно е да се избегнува храна која содржи транс масти како масни пецива, кекси, грицки, соленки.

Повеќето лекови преминуваат во млекото, па задолжително пред пиењето на било каков лек консултирајте се со лекар.

Коронавирус