недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Живот и стил

Овие работи ги правите секој ден – митови за производите кои ги користите погрешно

Овие работи ги правите секој ден – митови за производите кои ги користите погрешно

Имате стапчињата за уши, батерии чувате во фрижидер, забна паста ставате на мозолки, секојдневно ја миете косата, пиење на алкохол за да се стоплиме… и уште многу нешта. Ви звучи ли познато? Веруваме дека одговоротза поголем дел од работите е ДА. Ова се нешта кои секојдневно ги користиме, не помислувајќи дека всушност правиме нешто погрешно.

Мислиме дека за нивното користење знаеме се, но фактите покажуваат поинаку. Голем број луѓе ги практикуваат овие нешта на погрешен начин, а тоа не го ни забележуваат. За таквиот развој на настаните виновни се погрешни претпоставки кои сме ги прифатиле црно на бело, како точни и проверени, Но, дали тоа навистина е така?

Многу работи секојдневно ги користиме, а токму за нив владеат заблуди во кои повеќемина не се сомневаат.

Во текстот следат најчестите митови за производи кои ги користиме секој ден.

Стапчиња за уши

Иако многу луѓе ги користат секој ден за да го исчистат ушниот восок, факт е дека оваа навика предизвикува целосно спротивен ефект. На тој начин само го пикате подлабоко во увото, што може да доведе до оштетување на ушното тапанче. Па се прашувате, за што тогаш служат ушните стапчиња? Тие всушност се совршени за земање на разни брисеви во медицината, за употреба во козметиката како и за чистење на надворешната школка на увото.

Батерии во фрижидер

На батеријата можете да и го продолжите животот ако ја ставите во фрижидер, тоа сигурно сте го слушнале многу пати. Но, мораме да ви кажеме дека ова е целосна бесмислица. Производителите на батерии всушност ви препорачуваат да не го правите тоа, бидејќи на тој начин поради кондензација во фрижидерот можете да и го скусите нејзиниот живот.

Забна паста на мозолки

Мозолката ќе исчезне ако на неа нанесете забна паста. Не, тоа не е вистина, на тој начин само ќе ја исушите и изиритирате кожата.

Миење на косата секој ден

Една од најголемите грешки кои луѓето често ја повторуваат. Премногу шампон всушност ја суши косата, што доведува до несакан првут.

Алкохол во готвењето

Со готвење испарува целиот алкохол од храната. Не, тоа не е вистина. Иако процент на алкохол со готвење се намалува, факт е дека секогаш нешто останува. По два ипол часа готвење процентот на алкохол е околу 5 отсто, па нема опасност од опивање.

Ако голтнете гума за џвакање…

Ви се случува ли некогаш да голтнете гума за џвакање, таа ќе остане во вас дури седум години?! Тоа сигурно сте го слушнале многу пати, но и тоа е една обична заблуда. Иако на мастиката и треба подолго време да се разгради, таа во организмот ќе остане најмногу седум дена.

Кафето е диуретик

Иако кофеинот има благ диуретички ефект, не е ни приближно таков каков што го сметаат многу луѓе. Факт е дека кафето делува исто како водата – што повеќе ја пиете, повеќе мокрите.

Алкохолот го затоплува телото

Тоа е целосна измислица! Чувството на затопленост всушност е последица од промената во крвотокот, бидејќи кога се пие алкохол крвните жили се прошируваат.

Регенераторите и други средства за нега можат да ги поправат оштетените врвови

И тоа е една голема лага. Единствено што во тој случај може да ви помогне е шишање, регенераторите можат само привидно да помогнат и да ја намалат видливоста на испуканите врвови.

Да се користи до датумот напишан на пакувањето

Сите намирници кои ги купуваме имаат датум на истекување на рокот на траење. Но, важно е да се потенцира дека на одреден производ откако ќе помине датумот, тој не мора да се фрли. Најдобро е да се користи до.. претставува датум до кој квалитетот на тој производ е најдобар, што не значи дека наведената храна и потоа не може да се користи.

Коронавирус