среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Живот и стил

Овие дрвја не треба да растат во близина на вашиот дом, носат несреќа

Овие дрвја не треба да растат во близина на вашиот дом, носат несреќа

Домовите, особено куќите сместени во поприродни средини секогаш се опкружени со многу дрвја. Најчесто станува збор за овошки, но градинарите неретко се склони и да засадат други видови на дрвја.

Според народните верувања, постојат одредени дрвја, кои во ниту еден случај не треба да ги засадуваме околу нашиот дом, бидејќи истите привлекуваат несреќа и сиромаштија.

Нашите предци верувале дека секое растение има своја посебна енергија, која се пренесува и влијае на луѓето, а еве според истите, од засадување на кои дрвја е најдобро да се откажеме.

„НАНЕ“ објавува кои се дрвјата кои привлекуваат негативна енергија, несреќа и беда

Едно од најнепосакуваните дрвја за засадување во дворот е дабот. Се смета дека дабот има силна енергија и го ослабнуваат здравјето на луѓето. Истиот ја црпи виталноста дури и од најсилните луѓе.

Следна на листата е брезата. Оваа руска убавица со бели цветови можеби изгледа многу елегантно, но според народните верувања истата е носител на негативна енергија и привлекува само проблеми. Воедно, нејзиниот силен коренски систем ја извлекува сета влага од почвата, со што не им дозволува ниту на растенијата покрај неа да цветаат.

Според народните верувања, луѓето треба да се откажат и од идејата за засадување на топола покрај домот, бидејќи е носител на многу негативна енергија, предизивкува алергии и привлекува опасност за домот.

Меѓу дрвјата на кои местото не им е во близина на домот е и оревот. Тоа не значи дека воопшто не треба да го одгледувате, туку само едноставно да најдете соодветно место, малку подалеку од домот за го засадите.

Иглолисните дрвја исто така, според народните верувања, носат лоша среќа на сопствниците на домот.

Коронавирус