четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие диети се најздравиот начин за слабеење, препорачани се од СЗО

Овие диети се најздравиот начин за слабеење, препорачани се од СЗО

Стручни лица од Светската здравствена организација, анализирале 41 режим на исхрана, па направиле листа на најдобрите диети.

Топ-листата е составна врз основа на неколку фактори, како што се ефективноста на диетата околу намалувањето на тежината, баланс, достапност на цените, ефекти врз крвниот и ендокриниот систем. Така, во првите три, се наоѓа флекситаријанството. Оваа диета вклучува растителни протеини, зеленчук и јаткасти плодови.

Флекситаријанството е всушност „флексибилно вегетаријанство“, при што месото не е така строго забрането, но се консумира многу ретко.

На второ место е диетата ДАШ, којашто првично била наменета за пациенти со хипертонија, оти ефикасно го намалува нивото холестерол. Диетата е слична на популарниот средоземноморски режим, бидејќи опфаќа консумација на повеќе овошје и зеленчук, млечни производи, бело месо, риба, зрнести и јаткасти плодови.

На врвот на листата на СЗО, е тнр. „средоземноморска диета“, што покрај ослабувањето, го намалува и ризикот од дијабетес. Таа ефикасно ги топи килограмите, што пак, го снижува ризикот од срцев удар и предвремена смрт.

Овој режим на исхрана препорачува зрнести плодови, многу овошје и зеленчук, грав, боранија, но и по некоја чаша вино. Јаткастите плодoви, рибата и зејтинот обезбедуваат мононезаситени масти, коишто позитивно влијаат на холестеролот. (МИА)