четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 136
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Живот и стил

Овие цветови се посебен симбол на есента: Убаво е да ги имате, носат оптимизам и љубов во домот

Овие цветови се посебен симбол на есента: Убаво е да ги имате, носат оптимизам и љубов во домот

Хризантемата е едно од најубавите есенски цвеќиња.

Во текот на есента често ни недостасуваат веселите бои, а ова цвеќе во нашиот дом може да ни донесе шаренило и убавина.

Таа се нарекува и есенска роза и златен цвет, а потекнува од Кина, каде постои и верувањето дека носи среќни околности во нашиот живот. Таа е носител на јанг енергијата и е директно поврзана со сонцето. Во некои култури, овој цвет е симбол на едноставноста и леснотијата на живеење.

Хризантемите имаат и различна симболика во зависност од нивната боја. Белата хризантема симболизира вистина, се користи во медитацијата и ја симболизира јаснотијата на мислите.

Виолетовата е симбол на отменоста и племенитоста, а за сината хризантема се верува дека носи смиреност и инспирација.

Портокаловата, пак, е симбол на напредок и топлина, а црвената знак за страст и силни страсти.

Хризантемите се посебен симбол на есента, а каква боја и да одберете, таа носи оптимизам и љубов во домот.

Коронавирус