среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 133
home Живот и стил

Овие четири карактеристики ги прават жените посебно привлечни

Овие четири карактеристики ги прават жените посебно привлечни

Четири особини кај жените се особено привлечни за мажите, зашто привлечноста е многу повеќе од физичка убавина.

Физичкиот изглед односно надворешната убавина е само дел од процесот на привлекување, но она што исто така има моќ да делува привлечно е говорот на телото, отвореноста и хуморот.

Кои се парамтерите кои ги прават жените попривлечни, прочитајте во продолжение:

Љубов кон ризикот

Според студија направена при Универзитетот на Аљаска, мажите (како и жените) сметаат дека склоноста кон ризик и адреналин, е многу атрактивна. На пример, можно е повеќе да ви се допадне личност која полесно излегува од комфор зоната и подобро ги поднесува потребите, отколку оние кои никогаш не ги пречекоруват границите на личните уверувања.

Добра смисла за хумор

Истражувањата покажале дека смислата за хумор е една од особините кои луѓето сакаат да ги видат кај своите партнери. Научниците откриле дека мажите особено го почитуваат тоа кога жените се шегуваат на своја сметка.

Емотивна отвореност

Истражувањето покажало дека луѓето што го поседуваат овој квалитет се особено привлечни кај спротивниот пол. Оваа особина претставува способност да ги споделите своите емоции со другите, што автоматски ви дава можност тие подобро да ве разберат. Научните веруваат дека мажите вообичаено ги привлекуваат жени што имаат поголем праг на разбирање. Во оваа студија, на мажите им биле прикажани видео снимки од жени со различен темперамент, а се покажало дека емтивно отворените жени оставиле подобар впечаток од тие што ги поттиснваат своите чувства.

Добрина и позитивни особини

За мажите, убавината не е ништо повеќе од преубава кожа и коса. Позитивните карактеристики сепак се факторот кој има клучно влијание врз перцепцијата кај мажите. Во текот на студиите, мажите биле поделени во две групи и од нив се барало да ги проценат жените. Едната груша морала да прави проценка само врз основа на изгледот, додека претставниците на другата група внимавале и на карактеристиките. Резултатите покажале дека втората група мажи фаворизирала жени со различен изглед додека оние од првата бирале жени само врз основа на сличностите во изгледот.

Коронавирус