сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие 5 работи никогаш не треба да ги правите наутро

Овие 5 работи никогаш не треба да ги правите наутро

Како го започнувате утрото, таков ќе ви биде и целиот ден. Ако утрото го почнете без енергија, така и целиот ден ќе ви биде непродуктивен, бидејќи сте направиле една од грешките кои ве чинат скапо, а не сте ни свесни за тоа.

Ова се навиките кои треба да ги избегнувате наутро.

Не го одложувајте алармот за будење

„Snooze“ е една од најлошите „лоши услуги“ од модерната технологија. Одложувањето на алармот е многу лоша идеја наутро бидејќи секогаш кога ќе го направите тоа влегувате во нов циклус на спиење од кој ви е потешко да се освестите. Така, кога конечно ќе станете од кревет, ќе се чувствувате уморно и мрзеливо.

Не станувајте веднаш од креветот

Пробајте да се истегнете, да ги средите мислите малку, а потоа да станете од кревет. Колку повеќе се протегнете, толку повеќе енергија и самодоверба ќе имате во себе.

Не читајте вести и меилови наутро

Не го заморувајте својот мозок со лоши вести и меилови полни со обврски и одговорности. Сосредоточете се на тишината, средете ги своите мисли или пуштете си ја вашата омилена песна. Оставете ги меиловите и вестите за подоцна.

Не го оставајте креветот растурен

Можеби се чини бесмислено, но местењето на креветот е убава навика која треба да ја применувате наутро. Тоа е навика која ќе ја разбуди продуктивноста во вас, а и ќе ви даде убаво чувство на среденост во вашиот дом.

Не пијте кафе веднаш штом се разбудите

Кафето ни е важно на повеќето од нас за да се разбудиме и да бидеме функционални во текот на денот. Но, не морате да го пиете веднаш по будењето. Наместо тоа, можете да испиете смути или вода со лимон, а дури по некое време да посегнете по кафето.

ЕУРО 2020

Македонија